Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата на Target.mk
Ова Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Target.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник") при посета на нејзината интернет страница Target.mk (понатаму:„интернет страница"). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страницата, Target.mk ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку нарачување на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и производи, електронски нарачки при online продажба, наградни игри, анкети.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци Target.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во Target.mk се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Target.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.
Ремаркетинг
Target.mk информациите кои ги собира преку користењето на колачиња („cookies"), ги користи за ремаркетинг за Google AdWords, Facebook, Instagram, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил интернет страницата на Target.mk.
Google, Facebook, Instagram и останати трети страни прикажуваат АdWords односно т.н. "ads" низ различни интернет страници и апликации кои ги корисникот ги посетува и користи. Овие „ads" се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страницата на оне.Вип преку со користење на колачиња.
На пример кога со посетата на Target.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страница која исто така користи"ads" на Google да му биде презентирана реклама за Target.mk или за содржината која ја посетил на страницата на Target.mk. Сите собрани податоци од оне.Вип ќе се користат во согласност со Политиката за приватност на Target.mk, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.
Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници: За „Google": https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en , и за „Facebook": https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ . Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack ("DNT") е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. "DNT" функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот "Параметри" (Preferences) или „Поставки"(Settings) на веб прелистувачот кој го користи.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Target.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.